Родово базирана дискриминација на пазарот на труд (2018 – 2022)

Во 2018 година, над половина од учесниците (68%) во онлајн истражувањето за родово базирана дискриминација на пазарот на труд, се согласија дека родово-базираната дискриминација е спротивна на законот. Во 2021 година, бројот на оние кои препознаваат дека родово-базираната дискриминација е спротивна на законот малку порасна, но и покрај тоа, сè уште речиси секој петти испитаник (19%) во 2021 година не знаеше дека родово-базираната дискриминација е законски казнива.
Запрашани кај кои институции можат да ја пријават родово-базираната дискриминација при работа, и во 2018 и во 2021 година, повеќе од половината од испитаниците го идентификуваа Државниот инспекторат за труд. Приближно една четвртина од испитаниците во 2018 и една третина во 2021 година, знаат дека можат да пријават дискриминација на Канцеларијата на народниот правобранител, а приближно една третина во 2018 и четвртина во 2021 рекоа дека може да се пријави и кај работодавачот.
И во 2018 и во 2021 година, има испитаници кои не се информирани дека родово-базираната дискриминација е против законот и е казнива, ниту пак знаат каде треба да се пријави овој вид на дискриминација.
Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Реактор – Истражување во акција и не ги отсликува ставовите на Европската Унија или Шведската агенција за меѓународен развој и соработка.