Се одржа обука за комуникации и видливост

На 15 декември, во рамки на проектот „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ”, се одржа обука на тема Комуникации и видливост, која имаше за цел да се унапредат знаењата на организациите за комуникации, медиумски алатки и канали, да се разменат најдобри практики, како и да се унапредат капацитетите за промовирање на активностите и организациите.

Присутните се запознаа подобро со принципите на дефинирање на цели, клучна публика и пораки, избор на најдобри канали и алатки за комуникација, а работеа и практично на изработка на соопштение за медиуми.

На обуката присуствуваа 16 претставници од 15 граѓански организации.

Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Реактор – Истражување во акција и не ги отсликува ставовите на Европската Унија или Шведската агенција за меѓународен развој и соработка.