Се одржа обука на тема родова анализа и истражувачки методологии

На 12 декември, во рамки на проектот „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ”, се одржа обука на тема Родова анализа и истражувачки методологии, која имаше за цел да се зајакнат капацитетите на организациите за развивање на истражувачки методологии во подготовка на нивните истражувачки продукти, како и изработување на родови анализи во областите на нивната работа.

Присутните се запознаа подобро со елементите на една истражувачка методологија, како и со пристапот за изработка на една родова анализа, а преку практични вежби имаа можност практично да работат на темата.

На обуката присуствуваа 17 претставници од 14 граѓански организации.

Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Реактор – Истражување во акција и не ги отсликува ставовите на Европската Унија или Шведската агенција за меѓународен развој и соработка.