Се одржа работилница на тема „Родовата перспектива во јавните политики и улогата на граѓанските организации во Р.С. Македонија“



На 26 мај, 2022 година, во рамки на проектот „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ” , се одржа работилница на тема „Родовата перспектива во јавните политики и улогата на граѓанските организации во Р.С. Македонија“. На оваа работилница, присуствуваа претставници од 6 граѓански организации од С.Македонија кои се суб-грантисти во рамки на овој проект:

🔘 Хелсиншки комитет за човекови права –
🔘 Гласен Текстилец
🔘 Finance Think
🔘 Рурална Коалиција
🔘 Хуманитарно Здружение Мајка – Куманово
🔘 Организација на жени од Струмица

Присутните имаа можност да се запознаат подобро со националната и меѓународната правна рамка за ороднување, различни алатки и инструменти за родово интегрирање на јавните политики, како и да работат низ практични примери, да разменуваат идеи и добри практики во поглед на вклучувањето на родовата перспектива во политиките.

#GenderSensitiveEUAccession#rodnosenzitivnopristupanjeEU#родовосензитивниконЕУ#родовосензитивниЕУинтеграции#NdjeshmëriGjinoreQasjenëBE#PromovimiiBarazisëGjinore#BEpërBarazinëGjinore

Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Реактор – Истражување во акција и не ги отсликува ставовите на Европската Унија или Шведската агенција за меѓународен развој и соработка.