Кои се вашите стратегии на одбрана и форми на безбедносен труд?

Она што го откриваат сите овие стратегии за избегнување и самоодбрана е тоа колку секојдневните движења на жените се под влијание од очекувано (!) вознемирување. Потребата од постојана будност, менување на личниот изглед, избегнување на одредени места и ограничено движење навечер посочуваат на товарот на жените самите да вршат „безбедносен труд“ во недостиг на систематски решенија.

Со тоа што ќе ги освестиме овие навики, одбиваме да ги прифатиме како нормален дел од нашето секојдневие!