
Во извештајот што го спроведовме, само 16% од жените* изјавија дека се чувствуваат безбедно кога ноќе ги користат јавните простори, а само 2% се чувствуваат ‘целосно безбедно’. Меѓутоа, движењето во јавните простори не зависи само од времето во денот, туку и од околинските фактори што го условуваат чувството на сигурност како:
- Слабо улично осветлување
- Небезбедни градилиштa
- Напуштени објекти
- Негрижа за јавниот простор
- Недостиг од соодветна сигнализација
- Лошо обележани и небезбедни пешачки и велосипедски патеки
Други инфраструктурни недостатоциКога значителен дел од населението се чувствува небезбедно во една третина или половина од денот, способноста за учество во јавниот живот, пристапот до одредени можности и уживањето на сопствената независност се сериозно ограничени.
* 715 испитанички од Скопје и Тетово на просечна возраст од 30 години со високо ниво на образование.
* * *
Студијата за РБН на јавните простори – спроведена по третпат – е своевиден сублимат на темите што ја движат нашата работа од самиот почеток: ангажирање на заедницата, партиципативно планирање и креирање на политики, грижа за оние што често се исклучени од овие процеси и нивно поструктурно и навремено вклучување.