Родов јаз во стапките на вработеност во земјите од Западен Балкан

Земјите од Западен Балкан имаат законска регулатива за заштита од и спречување на дискриминација, но податоците од истражувањето спроведено во Косово, Северна Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина упатуваат на широко распространета родово-базирана дискриминација на пазарот на труд, почнувајќи од дискриминаторски прашања на интервјуа за вработување, па се до дискриминирање и сексуално вознемирување на работното место.

Структурните бариери и директната дискриминација на пазарот на труд се рефлектирани и во официјалната статистика за разликите меѓу стапките на вработеност на жените и мажите во шесте земји. Во Република Северна Македонија родовиот јаз во вработеноста е континуирано висок и споредено со останатите земји од регионот состојбата во нашата земја е подобра само споредено со Косово.

Повеќе за родово-базираната дискриминација и пазарот на труд на Западен Балкан прочитајте во нашето истражување.