
Невербалното и вербалното вознемирување на јавен простор е секојдневие за жените. Испитаничките* сметаат дека е (многу) веројатно да бидат зјапани (87%), да им свиркаат и дофрлаат (77%), да добијат непристојни коментари (73%), да бидат мета на пцости и вулгарни гестикулации (49%), но и навреди на етничка или религиска основа (45%).
Перцепцијата за (не)безбедност кај жените не произлегува само од лични искуства, туку е присутна од најраната социјализација што ги учи девојчињата да бидат претпазливи, да привлекуваат помалку внимание и да го прилагодуваат своето движење на јавните места.
* 715 испитанички од Скопје и Тетово на просечна возраст од 30 години со високо ниво на образование.
* * *
Студијата за РБН на јавните простори – спроведена по третпат – е своевиден сублимат на темите што ја движат нашата работа од самиот почеток: ангажирање на заедницата, партиципативно планирање и креирање на политики, грижа за оние што често се исклучени од овие процеси и нивно поструктурно и навремено вклучување.