Total number of elected mayors in the period 1996 – 2021

Досегашното искуство покажува дека бројот на жените кандидирани и избрани на локалните избори бил секогаш низок, особено за градоначалнички, кога се случувало да нема воопшто избрани или пак кандидирани жени. Податоците покажуваат дека од 1996 година, кога за прв пат се одржале локални избори, па се до 2021 година, биле избрани вкупно 660 градоначалници. Од нив само 18 градоначалнички и 642 градоначалници.

За да се промени оваа слика, од суштинска важност е да се смени Изборниот законик на Северна Македонија, во кој на сличен начин како за кандидатите на изборните листи за Парламентот и Советите на општините и Град Скопје, ќе бидат воведени квоти и за изборните листи за кандидатите за градоначалници, со што ќе се овозможи унапредување на политичката застапеност на жените на локалните избори, а со тоа и на градоначалничките места.