Родовата анализа на програмите на политичките партии за предвремени- те парламентари избори за 2016 година е направена со цел да се процени дали и во колкава мера родовата перспектива e вклучена при изготву- вањето на политичките програми. Анализата дава преглед на изборните програми на партиите и коалициите во однос на вклученоста на родовиот аспект во предвидените мерки и колку од мерките конкретно се насочени кон унапре- дување на економскиот, социјалниот, политичкиот и на општествениот статус на жените.