Преку документот „Перспектива: Млади во криза – Итни препораки за намалување на негативните ефекти од Ковид-19 кризата врз младите“, група граѓански организации целат да помогнат на институциите во надминување и намалување на негативните ефекти од пандемијата и мерките за нејзино спречување врз младите. Со овој документ се обезбедуваат координирани и итни препораки до институциите за проактивно и информирано креирање на политики со чија навремена имплементација ќе се намалат последиците врз добросостојбата на младите во Северна Македонија, а младите ќе дадат поддршка на надминувањето на кризата.