Осмото издание „Правните потреби и патот до правдата во Република Македонија“ од едицијата „Примената на законите под лупа“ претставува исклучок кој се наметна во овие три години како резултат на континуираното следење на реформските закони. Како ги исцрпувавме планираните теми за анализа во едицијата, а кои покажуваа недостатоци во системот за заштита на човековите права, така ни се зголемуваше потребата од детален увид во проблемите со кои се соочуваат граѓаните и во нивната перцепција за правичноста на правниот систем.