Младинските организации и нивните капацитети за застапување

Младинските форми на организирање, како колектив на интересите на младите луѓе, се онаму од каде произлегуваат идеите за подобрување на положбата на младите во едно општество. Оттаму, за нас беше важно да го согледаме нивното (можно) влијание врз процесите за општествени промени, нивните капацитети, начинот на кој ги согледуваат проблемите на младите во нашето општество и како дејствуваат по утврдените потреби. На тој начин се обидуваме да дознаеме какви се состојбите со младинските организации, пред сè во делот на нивниот капацитет за организирање застапувачки активности. Застапувањето за општествени промени е важен елемент во едно демократско општество за подобрување, усовршување и креирање на нови политики по мерка на граѓаните.

Year of publication: 2018