Осврт на состојбата во однос на родово-заснованото насилство, законската рамка и институционалниот одговор и анализа на потребите и постоечките ресурси за работа со сторители со фокус на безбедноста на жртвата и за советување на мажи (Kраток преглед, заклучоци и препораки)

Како дел од проектот „Воспоставување на мултипрофесионална превенција на родово-засновано насилство, работа со сторители преку пристап фокусиран на безбедноста на жртвата и советување на мажите во Република Северна Македонија“ (2021 – 2022), Реактор – Истражување во акција изработи сеопфатна анализа на состојбата со родово-засновано насилство и на постоечките ресурси и потреби за центри за советување на мажите во Република Северна Македонија, со фокус на родово-засновано насилство.

Во оваа брошура накратко се прикажани клучните наоди од анализата, вклучително и од онлајн истражувањето спроведено заради олеснување на развојот на концептот и на националните планови за воспоставување ефективна примарна превенција од родово-засновано насилство, мултипрофесионална поддршка и работа со сторителите преку пристап фокусиран на безбедноста на жртвата, како и воспоставување центри за сеопфатна поддршка и советување на мажите заради превенција на родово-засновано насилство, во име на поттикнување родова еднаквост и вклучување на мажите во грижата (родителска, партнерска, итн.) во Република Северна Македонија.

Year of publication: 2023