Родов информатор за политичар(к)и

Целта на овој информатор е да даде појасна и концизна слика за можностите и пречките за активно учество на жените во политичкиот живот, како и потребата од вклучувањето на родовата перспектива при работата на сите политичари и функционери. Тоа го прави, преку преглед на постоечката домашна и релевантна меѓународна законска рамка, искуствата и перцепциите на жените и мажите од државата во однос на политичкото учество од родов аспект, и начинот на кој може да се вклучи родовата перспектива на сите нивоа од процесот на програмирање и носење политики. Исто така, информаторот дава и податоци за граѓанските здруженија кои работат на унапредување на родовата еднаквост кај нас како и некои корисни онлајн линкови за понатамошни информации и ресурси.

Year of publication: 2020