Блажен Малески

Позиција: Истражувач

Блажен е истражувач во Реактор од 2012 година, со фокус на младински прашања, како и граѓанско учество, слобода на собир и човекови права. Тој исто така работи на проектите поврзани со пристапување кон ЕУ кои ги имплементира Реактор.

Беше претседател на Националниот младински совет на Македонија во периодот 2016 – 2018 година, а во моментот е член на надзорниот одбор на НМСМ. Како дел од неговите задолженија, го претставуваше НМСМ на меѓународни настани, како што е Европскиот Младински Форум, како и на состаноците на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес. Тој исто така, го претставуваше и водеше управувачкиот одбор на советот на домашно и меѓународно ниво.

Последно, но не помалку важно, Блажен ги привршува студиите по Политички науки на Правниот факултет при универзитетот „Св.Кирил и Методиј“. Помина 6 месеци како студент на размена на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана, на отсекот Историја. Има одлично познавање на англиски и германски јазик, а ги разбира и зборува повеќето јазици зборувани во поранешна Југославија. Слободното време сака да го поминува во велосипедизам, скијање и читање.

E-mail: blazen@reactor.org.mk