Зоја Таревска Петрушевска

Позиција: Проектна координаторка

Зоја се придружи на тимот во Реактор во 2022 година како Координаторка на проекти во полето на родова еднаквост.

Своето долгогодишно работно искуство го стекнува преку работа на проекти финансирани од национални, ЕУ и други странски донатори или програми. Повеќе од 7 години е фокусирана на координирање и управување со проекти во јавни институции и граѓански организации преку соработка со бизнис секторот, експерти и меѓународни организации. Работи на проекти кои засегаат важни општествени аспекти, како социјални, економски и родови прашања.

Зоја е дипломиран политолог и магистер по политички науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Ужива во кампинг покрај вода и природа. Секое слободно време го користи за игра со својот мачор или прошетка и дружење со најблиските.

E-mail: zoja@reactor.org.mk