Неда Петковска

Позиција: Истражувачка

Неда Петковска има завршено додипломски студии на Филозофскиот факултет во Скопје, насока Родови студии, во 2013 година. Во 2015 година завршила постдипломски студии по Компаративна и постколонијална книжевност на Универзитетот во Болоња и во 2016 година завршила постдипломски студии по Родови студии на Централно европскиот универзитет во Будимпешта.

По завршувањето, работела во невладиниот сектор во Хрватска, а потоа во јавниот сектор на ЕУ при Институтот за родова еднаквост во Литванија. Во Р.С. Македонија работи од 2019г., а своето работно искуство го здобила во фондацијата Фридрих Еберт работејќи на проекти за социјална правда и еднаквост и во Институтот за човекови права работејќи во областа заштита од дискриминација на маргинализирани групи на луѓе.

Во Реактор, Неда работи како истражувачка, на проекти со фокус на родова еднаквост и застапување на вклучување на родовата перспектива во процесите на ЕУ интеграција. Во нејзиното приватно време таа сака да чита феминистичка литература и да пишува трудови од областите на род, класа и раса во неолибералната ера и теорија на социјална репродукција.

E-mail: nedap@reactor.org.mk