Донатор:
CIVICA mobilitas
Времетраење: јуни 2020 - август 2021
Овој проект е насочен кон унапредување на пристапот до средства за менструална хигиена на жените и девојките во Република Северна Македонија и адресирање на менструалната сиромаштија преку подигање на јавната свест и промени во политиките кои ќе доведат до социјално – инклузивно управување и унапредување на родовата еднаквост.
Проектот има за цел креирање на функционални механизми и мерки за пристап на жените и девојките до средства за менструална хигиена и отворање на јавна дебата за менструалната сиромаштија.