Импактот на оваа акција е да ги зајакне граѓанските организации да поттикнат позитивна промена во однесувањето во општеството со цел ефикасна заштита на жените од родово базирано насилство (РБН) во Северна Македонија. Акцијата се фокусира на ГО како клучни катализатори на позитивни промени во областа на родовата еднаквост, што може да ги држи институциите одговорни и потранспарентни со цел подобра заштита и превенција од РБН со фокус на сексуалното насилство. Надминувањето на состојбата на неказнивост и несоодветно казнување на сторителите е клучната промена во однесувањето во институциите, поттикната со оваа акција. Ова ќе ги мотивира жртвите да пријават и ќе ја намали стигмата и високата толеранција на сексуалното насилство како клучна патријархална норма.
Општата цел на оваа акција е: Зајакнување на граѓанските организации да поттикнат позитивна промена на однесувањето во општеството за ефикасна заштита на жените од родово базирано насилство во Северна Македонија.
Понатаму, специфичните цели се:
- Активно да се вклучат и градат капацитети на женските граѓански организации за застапување, следење и/или обезбедување услуги во областите на РБН и сексуалното насилство за поголема јавна одговорност кон реформскиот процес на овие полиња
- Да придонесе кон подобрување на механизмите на јавните политики за правна заштита и превенција од родово базирано насилство со фокус на сексуалното насилство
- Да се изградат капацитети на клучните институции за родово чувствителни и истраги засновани на човекови права и известување во случаи на сексуално насилство
Оваа акција ја спроведува Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство – Глас против насилство, во партнерство со ХЕРА – Aсоцијација за здравствена едукација и истражување, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ МАРГИНИ и Реактор – Истражување во акција.