АНАЛИЗА НА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И ЕДНАКВОСТ, ВКЛУЧУВАЈЌИ РОДОВА ЕДНАКВОСТ

Донатор: OSCE Mission to Skopje
Времетраење: 2022

Оваа истражувачка активност го следи пристапот со фокус на човековата перспектива кога станува збор за предизвиците што ги поставуваат новите технологии, во поглед на еднаквост, вклучително и родовата еднаквост. Истражувањето ги разгледува подлабоко прашањата поврзани со трудот и големите податоци (big data), како што се нееднаквостите на онлајн пазарите на труд и негативните ефекти од алгоритамското одлучување врз ранливите групи. Истражувањето ја разгледува социолошката литература за дигиталните нееднаквости и го објаснува општиот пристап кон овие нееднаквости, врз основа на дистинкцијата на дигиталните поделби од прво, второ и трето ниво.

Следниве три теми се централни за истражувањето:
(1) Вештачка интелигенција и автоматско одлучување;
(2) Пристап до дигитални услуги и дигитални алатки; и
(3) Критичка анализа на законската и рамковната регулатива на политиките.

За сите три теми се разгледуваат следните четири клучни прашања: позицијата на државата, обврските и дејствијата, правните прашања, бихејвиористичките прашања и тесните грла.

Ова истражување е поддржано од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.