Жените во политиката

Донатор: French Embassy in Macedonia
Времетраење: февруари 2014 – јануари 2015

Овој проект има за цел да придонесе кон унапредување на статусот на жените во Република Македонија, особено во областа на политичкото учество, преку обезбедување на ново разбирање на нееднаквостите со кои се соочуваат жените и мажите во политичкиот и јавниот живот, главно преку сеопфатно истражување кое проценува дали и како зголеменото учество на жените во политиката во Македонија влијае врз начинот на донесување на одлуките, изборот на приоритети и спроведување на политиките, и утврдува зошто зголемувањето на учеството на жените во политичкото учество е сопрено пред да се постигне паритет.

Се обидовме да ги постигнеме целите преку проценка на нивото на зголемување на учеството на жените во политиката и дали тоа влијаело врз политиките воопшто, особено врз родовата еднаквост. Накратко, истражувањето се обидува да одговори на следните прашања: Дали жените се агенти на промени? Оваа студија е прва од ваков вид во земјата и затоа веруваме дека ќе обезбеди важен увид во динамиката и разликите со кои се соочуваат жените и мажите во политичката арена.