Донатор:
European Commission (through IPA)
Времетраење: 2016 - 2018
ИПА2 механизмот е основан од страна на граѓанските организации кои се активни во различни сектори во Македонија со цел зајакнување на партнерството помеѓу граѓанските организации, Делегацијата на Европската унија и владините институции во земјата околу процесот на програмирање, имплементација и мониторинг на Инструментот за претпристапна помош 2014-2020 рамка.
Примарната цел на проектот е зајакнување на влијанието на граѓанското општество во јавните политики и донесување одлуки, како и во граѓанскиот и политичкиот дијалог, да влијае на клучните реформи за понатамошна поддршка на земјата во процесите на пристапување во ЕУ.