Трансформации на урбаните простори во Скопје

Донатор: OSF Information Program and Think Tank Fund
Времетраење: јануари 2012 – јануари 2013, June 2013 - May 2014

Овој истражувачки проект беше инспириран од идејата дека вистинско и значително учество на граѓаните е единствено можно само ако тие имаат навремен пристап до плановите на градот на разбирлив и достапен начин. Воедно, идејата на овој проект е да се поттикне поголема инволвираност на граѓаните во процесите на планирање и на донесување на одлуки кои се важни за нивното најблиско окружување и градот во целина.

Главна компонента на овој проект е веб-платформата СкопјеРасте која има за цел да поттикне дебата за визијата на градот која ќе ги вклучува интересите и потребите на сите негови жители. Оваа платформа им овозможува на жителите на градот хронолошки и по одредени параметри (изграденост, зеленило, паркинг, бесправно) да се информираат за промените кои се случуваат во две градски четврти од центарот на Скопје. Ваквиот хронолошки пристап им дава увид на граѓаните и во идниот изглед на градот. Веб-платформата беше презентирана на конференција на тема Иновации во урбаното планирање на Универзитетот во Њујорк, и освои трето место на меѓународниот натпревар за визуелизација на податоци организиран од On Think Tanks.




Веб платформи: