Донатор:
CIVICA mobilitas
Времетраење: мај 2017 - јуни 2018
Проблемите со кои се соочуваат младите, во последните неколку години, станаа се поактуелни. Тоа доведе до генерално зголемување на видливоста на податоците поврзани со проблемите на младите. Главна цел на овој проект е да се воспостават одржливи младински политики на локално ниво и национално ниво, преку политики креирани и базирани на докази и активно учество на младински организации, како и да се зајакнат капацитетите и поддршката на младинските граѓански организации што ќе води до подобрување на младинските политики на национално и локално ниво. Воедно, проектот има за цел да овозможи креирање на нови ресурси и податоци за поддршка при застапување пред институциите на младинските организации.