Граѓаните и нивните заедници: Граѓанското учество, активизмот и волонтерство во Република Македонија

Во оваа студија го разгледуваме граѓанското учество во Македонија во периодот од 2012 до 2016 година меѓу населението на примарна работоспособна возраст од 16 до 66 години. Се разгледува од четири различни аспекти. Прво, како учество во граѓански иницијативи за општо добро, односно здружување на граѓаните во акции за подобрување на заедниците. Второ, како граѓански активизам, односно како обид да се решат одредени општествени проблеми преку контакт со властите или преку учество во јавни дискусии, работни групи, граѓански протести, петиции и преку
доставување претставки и предлози. Трето, преку конвенционалното граѓанско учество, односно преку гласањето на парламентарни, локални и претседателски избори. И, на крајот, преку волонтерството, односно преку давање бесплатната помош на индивидуи и организации.

Година на издавање: 2016