Достапност на градинки и родова еднаквост на пазарот на труд

Економската нееднаквост помеѓу жените и мажите во Република С. Македонија сѐ уште е многу висока. Според официјалната државна статистика, вработени се 38% од жените на работоспособна возраст, споредено со 56% од мажите1. Најголем дел од жените на работоспособна возраст во нашата земја, всушност не се ниту вработени ниту невработени и се водат како економски неактивни. Меѓу економски неактивните жени, 41% според официјалната статистика се домаќинки. За споредба, 0% од економски неактивните мажи се домаќини.

Година на издавање: 2024