Реактор присуствуваше на настанот за граѓански организации – ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ТРЕТИ страни

Менаџерката за грантови на Реактор, Ана Азгур, на 6-ти и 7-ми декември 2022 година, присуствуваше на регионалната работилница за финансиска поддршка на трети страни (ФПТС) во Белград, организирана од проектот ЕУ ТАКСО 3.

ФПТС е инструмент преку кој ЕУ овозможува финансирање на една (поголема и поискусна) организација, како главен апликант за грант, кој потоа прави регрантирање на помали граѓански и грасрут организации, со цел да им помогне да ги постигнат целите на главната акција, истовремено градејќи ги нивните капацитети.

Целта на оваа работилница беше да се поддржат активностите за градење капацитети на клучните актери на ФПТС од регионот на Западен Балкан и Турција, со собирање на околу 50 учесници од граѓански организации кои раководат со спроведувањето на вакви проекти, како и претставници од делегациите на ЕУ од регионот и експерти од ЕУ ТАКСО 3. Преку презентирање и дискусија за различни искуства и практики, целта беше да се подигне свеста, да се едуцираат и да се поддржат учесниците, како и да се поттикне вмрежување меѓу нив. Темите за кои се разговараше опфатија сè, од планирање и спроведување на проектите, преку проценка и избор на трети страни, до развој на активности за градење капацитети, процедури за следење и известување.

Корисни линкови:

Сиже на работилницата за ФПТС 

Фото галерија од настанот

ЕУ публикација: Enhanced Outreach to CSOs: A Collection of Good Practices of FSTP in the Neighborhood and Enlargement Countries