Во рамки на проектот насловен „Грижливи маскулинитети во Северна Македонија“, поддржан од Verein für Männer- und Geschlechterthemen Steiermark (Грац, Австрија) со финансиска поддршка од Австриското федерално министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите, кој се осврнува на родовата еднаквост и вклученоста на мажите во грижата во Северна Македонија, Реактор изработи национален извештај кој се фокусира на состојбите со неплатената работа и грижа и меѓу другото ги разгледува и родовите јазови во платената и неплатената работа, фокусирајќи се на мажите и грижата, како и на политиките за родителско и татковско отсуство.
Со цел да ги споделиме наодите од ова истражување со релевантните чинители и да ја покренеме свеста за потребата од измена на законската регулатива, на 8 април, доставивме симболичен пакет на материјали до пратеничките и пратениците во Собранието на Република Северна Македонија.
Истражувањето е достапно на македонски, албански и англиски јазик.
Се надеваме дека овој пакет на материјали, ќе претставува корисен извор на информации и поттик за ревидирање на законската рамка со цел поттикнување на поголема инволвираност и вклучување на мажите во грижата.