Се одржа Инфо сесија во рамки на отворениот повик за доделување на грантови за унапредување на родовата еднаквост преку процесот на пристапување во ЕУ



На 9 јули, 2021 година, во 11.00 часот, во рамки на отворениот повик за доделување на грантови, Реактор – Истражување во акција одржа двочасовна отворена онлајн Инфо сесија.

За време на оваа двочасовна инфо сесија, присутните имаа можност да се запознаат со целта на повикот, очекуваните резултати, како и критериумите за учество, времетраење, локација, големина на грантовите, критериуми за избор и процедурата за аплицирање – временска рамка и рокови. Воедно, учесниците имаа можност да поставуваат прашања и да се информираат за деталите од повикот.

На настанот присуствуваа 80тина претставници од граѓански организации од Северна Македонија.

Отворениот повик е објавен во рамки на проектот: „Унапредување на родовата еднаквост преку процесот на пристапување во ЕУ“, финансиран од Европската унија, кофинансиран од Шведската агенција за меѓународна соработка и развој, имплементиран од Реактор – Истражување во акција (Северна Македонија), во партнерство со Albanian Women Empowerment Network (AWEN) од Албанија, Rights for all од Босна и Херцеговина (БиХ), Kosovo Women’s Network (KWN) од Косово, Women’s Rights Centre (WRC) од Црна Гора, како и Kvinna till Kvinna Foundation од Шведска преку нивната канцеларија во Северна Македонија.

Одговори на често поставувани прашања во рамки на повик за доделување грантови.