Проектот се фокусира на детална анализа на состојбите и потребите од центри за советување на мажи во Република Северна Македонија, со фокус на родово заснованото насилство. Главната цел на истражувањето е преку мапирање на потребите и консултација со поширок круг на претставници на национални институции и релевантни чинители, како и анализа на состојбите преку постојни извештаи и објавени бази на податоци, да се оформат препораки кои ќе овозможат да се воспостави ефективна примарна превенција на родово базирано насилство, мулти-професионална поддршка и работа со сторителите преку пристап кој е фокусиран на безбедноста на жртвите, како и да се формираат центри за сеопфатна поддршка и советување на мажите за превенција на родово-базирано насилство, охрабрување на родова еднаквост и вклучување на мажите во доменот на грижа (родителство, партнерство итн.).
Воспоставување на мулти-професионална превенција на родово засновано насилство, работа со сторители преку пристап фокусиран на безбедноста на жртвите и советување на мажите во Република Северна Македонија
Донатор:
Austrian Federal Ministry of Social Affairs, Health, Care and Consumer Protection
Времетраење: септември 2021 - ноември 2022
Публикации:
Актуелно