НАЈДОБРА ПРАКТИКА ЗА ПРОМОЦИЈА ЗА МАЖИ КОИ СЕ ГРИЖАТ СО ЦЕЛ ПОДОБРУВАЊЕ НА БАЛАНСОТ ПОМЕЃУ РАБОТНИОТ И ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ

Донатор: Austrian Federal Ministry of Social Affairs, Health, Care and Consumer Protection
Времетраење: 2019 - 2022

Мажите стануваат се повеќе ангажирани во грижата, бидејќи не само што сакаат и треба да обезбедат економски ресурси, туку и се грижат за другите. Сепак, низ цела Европа мажите наидуваат на бариери за вклучување во грижата, кои треба да се надминат.

Проектот „Грижлив маскулинитет во Северна Македонија“ го спроведува Реактор, за потребите на Verein für Männer- und Geschlechterthemen Steiermark (Здружение за машки и родови прашања Стирија) (Грац, Австрија) со финансиска поддршка од aвстриското Сојузно министерство за социјални прашања, здравство, грижа и заштита на потрошувачите. Проектот претставува соработка со европскиот проекто Men in Care (MiC), проект на 26 национални партнери и поврзани организации од 7 различни европски земји (плус ETUC), кој има за цел да ги намали бариерите за мажите кои сакаат да се вклучат во активности за грижа.

Зошто Мажите во грижа се важни?

Олеснувањето на вклучувањето на мажите во грижата може да има позитивни ефекти врз индивидуите, врз луѓето во нивната блиска социјална средина, врз организациите и целото општество. Вработените со подобар баланс помеѓу работата и животот се позадоволни од својот живот, имаат посилни семејни односи, покажуваат поголема лојалност кон своите организации и развиваат повеќе компетенции. Акциите на MiC ќе покажат начини за намалување на родовата нееднаквост во политиките и практиките за рамнотежа помеѓу работата и животот со цел да се подобри благосостојбата на жените и мажите.

Повеќе може да прочитате во националните извештаи, кои вклучуваат анализи на контекст, како и организациски анализи, на следниот линк.