Овој проект се фокусира на анализирање на различните аспекти на граѓанското учество преку студија која го разгледува граѓанското учество во Република Македонија во периодот од 2012 до 2016 година, а податоците се презентираат визуелно на веб платформа. Граѓанското учество се разгледува од четири различни аспекти. Прво, како учество во граѓански иницијативи за општо добро, односно здружување на граѓаните во акции за подобрување на заедниците. Второ, како граѓански активизам, односно како обид да се решат одредени општествени проблеми преку контакт со властите или преку учество во јавни дискусии, работни групи, граѓански протести, петиции и преку доставување претставки и предлози. Трето, преку конвенционалното граѓанско учество, односно преку гласањето на парламентарни, локални и претседателски избори. И, на крајот, преку волонтерството, односно преку давање бесплатната помош на индивидуи и организации. Освен состојбата со граѓанското учество разгледувано од овие четири аспекти, во студијата се разгледуваат и ставовите релевантни за предвидување на граѓанското учество, како односот на граѓаните кон можностите за граѓанско дејствување и вклученост како и односот кон нивните заедници.
Во оваа студија го разгледуваме граѓанското учество во Македонија во периодот од 2012 до 2016 година меѓу населението на примарна работоспособна возраст од 16 до 66 години. Се разгледува од четири различни аспекти. Прво, како учество во граѓански иницијативи за
општо добро, односно здружување на граѓаните во акции за подобрување на заедниците. Второ, како граѓански активизам, односно како обид да се решат одредени општествени проблеми преку контакт со властите или преку учество во јавни дискусии, работни групи, граѓански протести,
петиции и преку доставување претставки и предлози. Трето, преку конвенционалното граѓанско учество, односно преку гласањето на парламентарни, локални и претседателски избори.
И, на крајот, преку волонтерството, односно преку давање бесплатната помош на индивидуи и организации. Освен состојбата со граѓанското учество разгледувано од овие четири аспекти, во студијата се разгледуваат и ставовите релевантни за предвидување на граѓанското учество, како односот на граѓаните кон можностите за граѓанско дејствување и вклученост како и односот кон нивните заедници. Освен тоа, студијата покажува и како се разликуваат граѓаните со различна демографска заднина од сите овие аспекти.