Совет за родова еднаквост

Донатор: Ministry of Finance (through IPA)
Времетраење: февруари 2014 – април 2015

Овој проект беше развиен во координација со други истакнати граѓански организации кои работат на полето на родова еднаквост и произлезе од идентификуваниот недостаток на здружен пристап од страна на граѓанските организации за родова еднаквост при соработката со локалните и националните власти. Покрај тоа, проектот беше развиен за време на пресвртна точка во секторот за родова еднаквост, кога истекува Националниот акциски план за родова еднаквост (2007 – 2012) и се подготвува нова Стратегија за родова еднаквост 2013-2020. Главната цел на проектот е подобрување на целокупната клима за унапредување на родовата еднаквост во земјата.

Како дел од овој проект, беше формирана Платформа за родова еднаквост – независна и неформална мрежа на македонски граѓански организации кои се фокусираат на правата на жените, составена од 22 организации и мрежи кои заеднички делуваат со цел унапредување на родовата еднаквост во Република Македонија.