Мобилизирање за родова еднаквост

Донатор: The Kvinna till Kvinna Foundation
Времетраење: август 2017 – јули 2019

Проектот се осврнува на постојаната родова нееднаквост во сите сфери на јавниот и приватниот живот во земјата, особено на ниво на локална самоуправа. Преку креирање на Индекс на родова еднаквост на општините, што претставува сложен индикатор за статусот на жените и мажите во различните сфери на живеење, достапноста на јавни услуги кои се релевантни за постигнување на родова еднаквост и напорите на општините за промовирање на родово-одговорни политики, проектот обезбедува целосен преглед на состојбите во сите општини во Република Македонија. Индексот на родова еднаквост на општините опфаќа 81 општина и ги анализира во три главни области: родов јаз, овозможачки услови и родово одговорна општина. Врз основа на резултатите, водичот за општините обезбедува помош за подобрување на практиките за родова еднаквост во општините.




Веб платформи:


Data/Viz: