Истражување за опсегот на родово-базирано насилство врз жените во Скопје

Донатор: UN WOMEN
Времетраење: октомври 2017 - мај 2018

Овој истражувачки проект претставува повторување на студијата спроведена во 2012 година во Општина Центар и Чаир, со употреба на изменета методологија. Целта на повторувањето на студијата е да се проценат трендовите и промените во манифестацијата на насилство и перцепциите за безбедност на јавните места од страна на жените и девојчињата, особено по промените на урбаната инфраструктура во градот Скопје од 2012 година.

Целите на студијата се да се разберат специфичните локални манифестации на насилство врз жените и девојчињата, особено на јавните места во двете општини во градот Скопје (Центар и Чаир) и перцепцијата на јавната безбедност и конкретните фактори на ризик; да се анализираат локалните развојни политики, планови и релевантни иницијативи поврзани со елиминација на насилството и дискриминацијата врз жените и девојчињата; да се идентификуваат и проценат релевантните тековни услуги и интервенции кои се однесуваат на елиминирање на родовата дискриминација и насилството врз жените; да се идентификуваат и утврдат позицијата и приоритети на засегнатите страни (пр. полиција, социјални работници, локални даватели на услуги и сл.); да се идентификуваат и разјаснат ставовите на корисниците; и да се обезбедат податоци што можат да им помогнат на засегнатите страни во подобрување на превенцијата на насилството врз жените и јавната безбедност.




Веб платформи: