Монитор на собири на Западен Балкан

Донатор: European Center for Not-for-Profit Law
Времетраење: октомври 2015 – јуни 2016, февруари 2018 – декември 2018

Како дел од регионалниот проект „Монитор на собири на Западен Балкан“ раководен од European Center for Not-for-Profit Law (ECNL), оваа акција има за цел да го унапреди разбирањето на примената на правото за слобода на (мирни) собири и како ова право може да биде заштитено во регионот.

Истражувањето цели кон утврдување на главните предизвици во имплементацијата на националното законодавство за јавни собири и остварувањето на ова право, како и да го процени нивото на усогласеност на националното законодавство со релевантните меѓународни стандарди во областа, да ги мапира надлежните институции, да ги идентификува главните предизвици за ефикасно остварување на правото и конечно, да идентификува и разгледа најмалку две специфични прашања што произлегуваат од спроведувањето на законодавството и остварувањето на ова право во земјата. На крај, студиите даваат сет на препораки кон релевантните засегнати страни за тоа како да се унапреди заштитата на слободата на собири во секоја земја и како да се обезбеди овозможувачка околина што им дозволува на граѓаните слободно да го остварат ова право.