Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите

Донатор: European Commission
Времетраење: април 2019 - март 2022

Учеството на граѓанското општество во формулирање и спроведување на јавните политики се смета за „главна карактеристика на политичкиот живот низ целиот свет“. Главната цел на овој проект е да се овозможи значајно и структуирано учество на граѓанското општество, кое ја искажува перспективата на граѓаните, со цел да се влијае на клучните секторски реформи во процесот на пристапување во ЕУ. Преку проектот, се стремиме да воспоставиме платформа која го структурира вклучувањето на ГО во институционалните механизми за консултации преку структуирање на информациите и го олеснува нивното учество во процесите на донесување одлуки во врска со процесот на пристапување во ЕУ; да се зајакат секторските работни групи, Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанското општество и преговарачките тимови како институционални механизми за консултации меѓу граѓанското општество и владата, со цел да се овозможи ефективно влијание на граѓанското општество врз клучните секторски рефори во пристапувањето во ЕУ процес; и да се зголеми влијанието на граѓанското општество врз секторските политики преку обезбедување придонес базиран на докази за клучните секторски реформи во процесот на пристапување во ЕУ.




Веб платформи: