Две децении Реактор – да прославиме заедно

Оваа година е посебна за нас. Во 2025, Реактор наполни 20 години. Обележуваме две децении во кои инсистираме дека истражувањето е навистина корисно тогаш кога придвижува и интервенира во светот – кога се пренесува на улиците, во политиките, институциите, училниците, автобуските постојки, младинските центри и, сè повеќе, во дигиталните простори. Нашето име го носи тоа…

Јавните простори во нашата држава сè уште се небезбедни за многу жени и девојки

На денот на човековите права потсетуваме дека јавните простори во нашата држава сè уште се небезбедни за многу жени и девојки – Секојдневното вознемирување (довикнување, следење, несакано допирање) е честа појава, а многу жени избегнуваат одредени простори, особено ноќе. Jавната безбедност е основно човеково право. Затоа ја создадовме „Реагирај – Биди безбедна“, иницијатива против насилството…

„Женското е туѓа фамилија“

Приказни зад дискрeпанцата во сопствеништвото на имот на сметка на жените ОД: Марта Стевковска и Лени Фрчкоска Наследувањето на имот од страна на жените во нашата држава е толку ретко, што низ времето се проткајува како народна пракса која речиси и да не се доведува под знак прашалник. Како и повеќето традиции, така и оваа,…

Работилница за безбедност во јавните простори со средношколки и студентки во Тетово

На 11 ноември се одржавме работилница за безбедност во јавните простори со средношколки и студентки во Тетово во Center for Equal Opportunities Mollëkuqja. Иако навидум мал и безбеден град во кој луѓето се познаваат едни со други, низ разговор и интерактивна вежба, девојките ги означија со црвено точките низ градот што ги избегнуваат. Зошто? Темни…

Работилница за безбедност во јавните простори во Битола

На 6 ноември одржавме работилница за безбедност во јавните простори со девојки од средното училиште „Јосип Броз Тито” во Битола. Иако навидум мал и безбеден град во кој луѓето се познаваат едни со други, низ разговор и интерактивна вежба, девојките ги означија со црвено точките низ градот што ги избегнуваат. Зошто? Недоволно осветлување во парковите,…

Како би изгледале градовите доколку политичарите навистина ги слушаа жените?

Во септември, тимот на „Реактор – Истражување во акција“ одржа два локални форуми во Битола и Скопје. Целта на форумите беше да се отвори дискусија за тоа како локалните политики можат подобро да ги одразат реалните потреби на жените, со кои специфични предизвици се соочуваат и како нивните приоритети да станат дел од локалната политичка…

Жените и понатаму се во полоша положба од мажите на пазарот на труд

Жените сѐ уште се во понеповолна положба на пазарот на трудот во споредба со мажите. Тие земаат пониско учество во работната сила и бележат пониски стапки на вработеност.  Ова го потврдува новиот извештај за OECD, Родовата еднаквост во свет што се менува каде се вели дека во земјите во ЕУ жените поминуваат помалку часови во…

„Пакет за проширување на ЕУ за 2025”: Согледби за С. Македонија.

Тимот на Reactor Research in Action/ Реактор истражување во акција даде свој придонес кон „Пакетот за проширување на ЕУ за 2025” со согледби за Северна Македонија. Во соработка со The Kvinna till Kvinna Foundation и партнерските организации од Западен Балкан, извештајот ги анализира политичките и општествените случувања во регионот и покажува дека заложбите за родова…

Верица Тенекеџиева: Сакав да ја прикажам трагата што ја оставаат искуствата на вознемирување во јавниот превоз

Кон изложбата „Транспорт и жени“ ОД: Тимот на Медуза Јавниот превоз е основен дел од урбаната инфраструктура, овозможувајќи лесен и економичен транспорт до работните места, образовните институции и други важни и секојдневни локации. Тој треба да биде достапен и безбеден за сите луѓе подеднакво. За жал, за голем дел од жените токму користењето на јавниот превоз предизвикува чувства на страв…

Побезбедни градови, посилни заедници: Справување со родово-базирано насилство преку емпириски пристап и мулти-секторски дијалог

Минатиот четврток, на 27 март 2025, „Реактор – Истражување во акција“ организираше работен настан со наслов: „Побезбедни градови, посилни заедници: Справување со родово-базирано насилство преку емпириски пристап и мулти-секторски дијалог“, во рамки на финализирањето на нашата најнова истражувачка студија за родово-базирано насилство врз жени и девојки во јавните простори во Скопје и Тетово.  Во работната…