За поголема безбедност на жртвите, Реактор и ХЕРА ќе отпочнат проект за воспоставување на советувалишни центри за превенција на насилство кај мажи и за работа со сторители на насилство

Со заедничкиот состанок меѓу Реактор – истражување во акција, ХЕРА – Aсоцијација за здравствена едукација и истражување и претставници на институциите, кој се одржа вчера (14 октомври 2021 година), се одбележа отпочнувањето на проектот „Воспоставување на мулти-професионална превенција на родово засновано насилство, работа со сторители преку пристап фокусиран на безбедноста на жртвите и советување на…

Платформа за родова еднаквост: Безбедниот абортус е основна здравствена заштита – и точка!

Две години по донесувањето на новиот закон за прекинување на бременоста, Македонија најпосле се вбројува меѓу земјите кои ја препознаваат важноста на медикаментозниот абортус како дел од грижата за женското репродуктивно здравје. Ова е значаен чекор напред кон обезбедувањето на квалитетна абортусна грижа заради што секоја година во светот се одбележува 28 септември – Меѓународен…

Што претставува Акцискиот план за родови прашања III и зошто е важен Националниот план за имплементација?

По долг процес на консултации и независна евалуација за надворешната поддршка на Европската Унија (ЕУ) за родова еднаквост и зајакнување на жените и девојчињата, во ноември 2020 година, ЕУ го објави новиот Акциски план за родови прашања III. Овој план претставува амбициозна агенда за родова еднаквост и зајакнување на жените во екстерното делување на ЕУ…

Објавени одговори на често поставувани прашања во рамки на повик за доделување грантови за унапредување на родовата еднаквост преку процесот на пристапување во ЕУ

Одговорите на често поставувани прашања во рамки на повикот за доделување грантови за унапредување на родовата еднаквост преку процесот на пристапување во ЕУ, може да ги погледнете на следниот линк.

Отворено писмо до политичките партии, подносители на листите на кандидат(к)и за Локалните избори 2021

Платформата за родова еднаквост ги повикува подносителите на листите на кандидат(к)и за Локалните избори 2021 да покажат минимум демократски капацитет и да обезбедат родов баланс на изборните листи. Во моментов имаме само 6 градоначалнички наспроти 75 градоначалници. Овој дисбаланс кој ги рефлектира изборните резултати од 2017 година, е само доследно повторување на традицијата која ги…

Платформа за родова еднаквост: Бараме итно преземање на мерки за расчистување на случајот „Јавна соба“ и заштита на жртвите на родово засновано насилство

Платформата за родова еднаквост денес одржа прес-конференција на која упати барања до Министерството за внатрешни работи за конечно разрешување на случајот Јавна соба и доследно пружање на заштита на жените жртви на родово засновано насилство. Бојана Јовановска од Платформата за родова еднаквост изјави „Со жалење заклучуваме дека иако сте Министер за внатрешни работи веќе втор…

Отворени 3 позиции: Менаџер/ка на проект, Координатор/ка на проект и Координатор/ка на финансии

Реактор – Истражување во акција има потреба од Менаџер/ка на проект, Координатор/ка на проект и Координатор/ка на финансии. Деталите за секоја од позициите се достапни на линковите подолу: Менаџер/ка на проект Координатор/ка на проект Координатор/ка на финансии

Отворена позиција: Координатор/ка на финансии

Реактор – Истражување објавува повик за ангажирање координатор/ка на финансии во проектот Унапредување на родовата еднаквост преку процесот на пристапување во ЕУ. Позицијата предвидува редовно работно време со ретки попладневни и викенд ангажмани при организација на настани, како и нефреквентни патувања низ Македонија и во странство. Поради тековната пандемија, тимот на Реактор во моментов работи…

Отворена позиција: Координатор/ка на проект

Реактор – Истражување во акција објавува повик за ангажирање координатор/ка на проект во програмата за родова еднаквост. Позицијата предвидува редовно работно време со ретки попладневни и викенд ангажмани при организација на настани, како и нефреквентни патувања низ Македонија и во странство. Поради тековната пандемија, тимот на Реактор во моментов работи од дома, со план да…

Отворена позиција: Менаџер/ка на проект

Реактор – Истражување објавува повик за ангажирање менаџер/ка на проект во проектот Унапредување на родовата еднаквост преку процесот на пристапување во ЕУ. Позицијата предвидува редовно работно време со ретки попладневни и викенд ангажмани при организација на настани, како и нефреквентни патувања низ Македонија и во странство. Поради тековната пандемија, тимот на Реактор во моментов работи…