Доделени 30 грантови како дел од регионалниот проект „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ”

Како дел од регионалниот проект „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ”, Реактор – Истражување во акција и имплементирачките партнери доделија вкупно 30 грантови на граѓански организации (ГО) од 6 земји (Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина), во износ од 438.143 евра. Доделените проекти, во висина до 15.000…

Ориентациска сесија го одбележа почетокот на иницијативите во рамки на суб-грантирањето од регионалната акција „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“

Реактор – Истражување во акција и партнерските организации одржаа ориентациска сесија со која се одбележа почетокот на иницијативите во рамки на суб-грантирањето како дел од регионалната акција „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“. Вкупно 30 организации од 6 земји (Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина) добија грантови…

Се одржа конференцијата „Грижи се машки“: „Најдобар начин да се елиминира насилството во едно општество е да се инвестира во неговата превенција“

На 9 декември, во организација на Реактор – истражување во акција и ХЕРА – Aсоцијација за здравствена едукација, се одржа конференција на тема „Грижи се машки – Од свесност до вклученост: Вклучување на мажите во превенција на родово насилство и работа со сторители со фокус на безбедноста на жртвата“. Обединувајќи домашни и странски говорници, на…

Се одржа работилница на тема „Родово-базирана дискриминација на пазарот на труд – препознавање и механизми за заштита“

На 23 ноември 2021 година, во просториите на здружението Гласен Текстилец во Штип се одржа работилница на тема „Родово-базирана дискриминација на пазарот на труд – препознавање и механизми за заштита“. За време на оваа работилница, присутните кои во најголем дел беа жени работнички од текстилната индустрија, имаа можност да се запознаат со различните форми на…

Промовирана сеопфатната студија за пристапот до менструална хигиена во Република Северна Македонија – Менструална правда: проценка на состојбите со менструалната сиромаштија и препораки за унапредување на политиките

На 12 ноември (петок) 2021, со почеток во 13 часот, во Europe House, Здружението на граѓани за промоција на женската активност „Тииииит! Инк.“ и „Реактор – истражување во акција“ ги  презентираа наодите од сеопфатната студија за пристапот до менструална хигиена во  Република Северна Македонија – Менструална правда: проценка на состојбите со менструалната сиромаштија и препораки…

Презентирана нова студија на Реактор на тема Мажите и грижата: Неопходно е препознавање на вредноста на неплатената грижа, соодветни формални решенија, и поголемо вклучување на мажите во активностите за грижа

Денес, 4 ноември, 2021 година (четврток), се одржа панел дискусија на тема Мажите и грижата: Грижлив маскулинитет во Северна Македонија, организирана од Реактор – Истражување во акција. На панелот, се дискутираше за важноста од вклучување на мажите во грижата и родовата еднаквост, европските практики и резултати на оваа тема, напорите кон воведување на политики за…

Неопходни се политики кои промовираат споделена грижа и поголемо вклучување на мажите во грижата

Речиси две години од почетокот на пандемијата со Ковид 19, состојбата продолжува да ги акцентира  нееднаквостите во сите сфери на живеењето, а родовата нееднаквост станува уште понагласена. Во просек, жените во Северна Македонија извршуваат 72,5% од вкупната неплатена работа за грижа, додека придонесот на мажите едвај надминува една четвртина од вкупниот обем на работа. На…

Реактор отпочна онлајн кампања за подигање на свеста против сексуално вознемирување на работното место

На 18 октомври, Реактор – Истражување во акција, лансираше онлајн кампања за подигање на свеста против сексуалното вознемирување на работното место. Кампањата, составена од неколку информативни објави, има за цел да ги информира граѓанките и граѓаните за формите на сексуално вознемирување на работното место, законите според кои ова дело е казниво, како и да даде…

За поголема безбедност на жртвите, Реактор и ХЕРА ќе отпочнат проект за воспоставување на советувалишни центри за превенција на насилство кај мажи и за работа со сторители на насилство

Со заедничкиот состанок меѓу Реактор – истражување во акција, ХЕРА – Aсоцијација за здравствена едукација и истражување и претставници на институциите, кој се одржа вчера (14 октомври 2021 година), се одбележа отпочнувањето на проектот „Воспоставување на мулти-професионална превенција на родово засновано насилство, работа со сторители преку пристап фокусиран на безбедноста на жртвите и советување на…

Платформа за родова еднаквост: Безбедниот абортус е основна здравствена заштита – и точка!

Две години по донесувањето на новиот закон за прекинување на бременоста, Македонија најпосле се вбројува меѓу земјите кои ја препознаваат важноста на медикаментозниот абортус како дел од грижата за женското репродуктивно здравје. Ова е значаен чекор напред кон обезбедувањето на квалитетна абортусна грижа заради што секоја година во светот се одбележува 28 септември – Меѓународен…