Зајакнување на граѓанските организации во борбата против дискриминација и унапредување на работничките права на жените во Република Македонија

Донатор: European Commission, Swedish International Development Cooperation Agency
Времетраење: август 2018 – декември 2021

Во моментов, повеќето земји од ЈИЕ имаат воспоставено законодавство против дискриминација, честопати усогласено со законодавството за родова еднаквост на ЕУ. Сепак, спроведувањето на законодавството против дискриминација останува слабо во целиот регион. Дополнително, мал број случаи на дискриминација се пријавени или адресирани од судовите. Како резултат, постои малку постоечка или достапна судска пракса поврзана со дискриминација. Клучна причина за отсуството на пријавени случаи е ниското знаење во врска со законодавството против дискриминација, неговото значење и примената кај релевантните институции. Ова ги вклучува и клучните засегнати страни (неколку од нив се поврзани субјекти) кои инаку би можеле да поддржат подигање на свеста и спроведување на законодавство против дискриминација, како што се Националните механизми за родова еднаквост, социјални партнери (на пр., синдикати), трудови инспекторати, државни служби за правна помош и граѓански организации (ГО). Овој проект има за цел да ги подобри капацитетите на овие целни групи да ја разберат дискриминацијата и да воспостават процедури и политики за подобро решавање на родовата дискриминација, особено во врска со работничките права на жените.




Data/Viz:


Актуелно