ЕУ застапување

Донатор: The Kvinna till Kvinna Foundation
Времетраење: ноември 2015 – декември 2016, 2017 – 2018, 2019 - 2020, 2021 - 2023

Овој проект, поддржан од Фондацијата Квина тил Квина, како дел од Регионалната програма за ЕУ застапување (ЕУ застапување – како Kвина тил Квина и партнерите прават разлика за жените во Западен Балкан), има за цел да се осврне на ниската видливост на женските човекови права во документите за пристапување во ЕУ, неадекватното вклучување на женските организации во процесите на пристапување и недоволното распределување на човечки и финансиски ресурси за унапредување на човековите права на жените од страна на ЕУ и македонските институции. Активностите на проектот се насочени кон неколку застапувачки цели: усогласување на националните и политиките на ЕУ, зголемена видливост на правата на жените во процесите и документите за пристапување во ЕУ, вклучување на женските граѓански организации во процесите на ИПА 2, подобрување на законодавството и спроведувањето, и унапредување на женските човекови права.

Целта на нашите напори преку овој проект е да постигнеме подобрување на животите на жените и мажите, девојчињата и момчињата преку зголемена родова еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ, подобрени и родово информирани политики, подобрена имплементација на националното законодавство и стратешки документи поврзани со родовата еднаквост и правата на жените. Работејќи кон оваа цел, ние се залагаме за вклучување на родовата перспектива на процесите и документите за пристапување во ЕУ, зголемено учество на женските организации во процесот на пристапување во ЕУ, вклученост на женските граѓански организации како актери кои ја следат владината работа и бараат одговорност од институциите, како и зголемена достапност на родово сегрегирани податоци и податоци за родови јазови/еднаквост.

 


Публикации:




Data/Viz:


Актуелно