Овој проект се фокусира на зајакнување на регионалната соработка на женските граѓански организации, истражување и родови анализи за информирање на политики, застапување засновано на докази и мониторинг на реформите поврзани со пристапувањето во ЕУ, насочени кон унапредување на родовата еднаквост во регионот на Западен Балкан во процесот на пристапување во ЕУ.
Главната цел на овој четиригодишен проект е зајакнување и проширување на постојната регионална соработка, зајакнување на партиципативните демократии и остварување на инклузивен родово-сензитивен процес за пристапување кон ЕУ. Кон оваа поширока цел, специфичните цели на проектот вклучуваат:
- Да се зајакнат капацитетите на женските граѓански организации за ефективна соработка со владите, делегациите и канцеларијата на ЕУ, локалните граѓански организации (ГО) и другите ГО во регионот, со што ќе се покрене свеста на сите вклучени актери за родовите димензии на процесот на пристапување во ЕУ;
- Да се унапреди отчетноста на владите и делегациите и канцеларијата на ЕУ во спроведувањето на обврските за родова еднаквост и правата на жените за време на процесот на пристапување во ЕУ.
Овој проект е финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида).
Времетраење на акцијата: 01/03/2020 - 29/02/2024 Вкупен буџет: 1.655.379,54 евра Придонес на ЕУ: 1.241.534,65 евра Придонес на Шведската агенција за меѓународен развој и соработка: 413.844,88 евра
Партнерски организации во имплементација:
- Северна Македонија: Реактор – Истражување во акција, Фондација Жена за жена (The Kvinna till Kvinna Foundation) (Канцеларија во Северна Македонија)
- Косово: Мрежа на жени на Косово
- Албанија: Албанска мрежа за зајакнување на жените (AWEN)
- Босна и Херцеговина: Права за сите
- Црна Гора: Центар за женски права
Активности:
- Состаноци и настани за вмрежување и размена на искуства за регионалната мрежа на ЖГО, насочени кон зајакнување на нивното влијание во процесот на пристапување во ЕУ и проширување на постојната регионална мрежа на ЖГО;
- Градење на капацитети и подигање на свеста на различни граѓански организации за родовите аспекти на процесот на пристапување во ЕУ;
- Организирање на регионален форум за родовата перспектива во процесот на пристапување во ЕУ;
- Изработка на родови анализи за различни сектори на национално ниво, особено за сектори каде што недостасуваат такви анализи;
- Соработка со локалните ЖГО за следење и известување за спроведувањето на обврските за родова еднаквост од страна на владите;
- Следење и подготовка на извештаи за информирање и вклучување на родовата перспектива во Извештаите на ЕК за земјите, како и политичкиот дијалог во врска со пристапувањето во ЕУ; и
- Застапување за подобрена родова перспектива во процесот на пристапување во ЕУ на национално и регионално ниво.
Коалиција ЕКВАПРО: